Шпанскиот гигант Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Челси, Рис Џејмс, пишува шпанскиот дневен весник „AC“. Според информациите, мадриѓаните сакаат да ја засилат деснста страна на одбраната и го сметаат Англичанецот за најдобар кандидат. Во исто време, клубот знае дека нема да биде лесно да се ангажира 23-годишниот играч.
Вредноста на Рис Џејмс е проценета на 70 милиони евра.
Тој оваа сезона одигра 18 натпревари за Челси во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и две асистенции. Неговиот договор со клубот од „Стемфорд бриџ“ е до летото 2028 година.
Реал Мадрид од минатата сезона е заинтересиран и за Жоао Кансело, Давиде Калабрија и за Хуан Фојт, како можни засилувања за одбраната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













