
Реал Мадрид се пласираше во осминафиналето на Светското клупско првенство, откако го совлада тимот на Салцбург со 3-0 во натпревар од последното коло во групата Х на турнирот.
Мадридскиот гигант поведе во првото полувреме со головите на Винисиус Жуниор (40′) и на Федерико Валверде (45’+3′), а пред крајот на натпреварот во листата се запиша и Гонзало Гарсија (84′).
Истовремено се одигра и другиот натпревар од групата, каде што Ал-Хилал од Саудиска Арабија, предводен од Симоне Инзаги, го совлада мексиканскиот Пачука со 2-0.
Ова значи дека Реал Мадрид ја освои првата позиција, Ал-Хилал е втор, додека Салцбург падна на третото место и го завршува настапот, иако досега немаше ниту еден пораз.
Благодарение на првото место, Реал Мадрид во осминафиналето ќе се соочи со Јувентус, кој заврши втор во групата Г.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија
