Голгетерот на аргентинскиот гигант Ривер Плата, 21-годишниот Хулијан Алварез, го привлекува вниманието на големите европски клубови, а последен во низата е Реал Мадрид, објавија италијанските медиуми.
Реал Мадрид неодамна остварил контакт со претставниците на Алварез, кој постигнале 16 гола на 17 настапи во аргентинскиот шампионат.
Во Аргентина пристигнаа и претставници на Јувентус кои имаат задача да го скаутираат напаѓачот на Ривер и да проценат дали вреди да се плати отштета од 20 милиони евра.
Меѓу заинтересираните клубови се Милан и Фиорентина, а договорот на Алварез истекува на 31 декември 2022 година. Италијанските медиуми пишуваат дека Фиорентина во зимскиот преоден рок би можела да го продаде одличниот српски напаѓач Душан Влаховиќ кој одби да го продолжи договорот и парите да ги искористи за трансфер на Алварез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













