Македонскиот фудбал повторно се враќа во преден план. И покрај фактот дека следи по „корона-период“ пред сезона финансиски неизвесна за поголемиот дел клубови, македонскиот елитен фудбал сепак мина низ еден релативно активен трансфер период кој донесе интересни играчки поместувања на домашната фудбалска сцена.
Без сомнение, ако се суди според летниот преоден рок, Шкендија, Шкупи, Академија Пандев но и Работнички ќе треба да ја носат главната улога низ престојната сезона во Првата македонска фудбалска лига која стартува денеска (17:30 ч.) со пресметката меѓу Вардар и Борец.
Факт е дека преодниот рок го одбележа репрезентативната рокада меѓу Шкендија и Академија Пандев, и и преселбата на Љупче Дориев од Струмица во Тетово, наспроти онаа во обратна насока на Марјан Радески. Покрај Дориев, за кого Шкендија им плати 70.000 евра отштета на струмичани што е вистински раритет кога е во прашање трансфер меѓу македонски клубови, враќањето на Егзон Бејтулаи, но ангажманот на неколку странски засилувања повторно ја издвојуваат Шкендија како фаворит број еден за титулата. Посебно, во ситуација кога Вардар, поради финансиската криза, остана без добар дел првотимци а со пет нови имиња. Од црвено-црните редови заминаа Гачевски, Реис Жуниор, Новак, Тошевски, Али Адем, Ибиши, Брдаровски, Младеновски…, а пред можен трансфер е и најдобриот фудбалер од минатата сезона Даниел Аврамовски.
Шкупи, од друга страна, одлучи фокусот да го стави на странски засилувања притоа задржувајќи го главно и костурот од минатата сезона.
Повеќе од сериозна активност летово имаше и Академија Пандев која сериозно го поднови ростерот. Ангажманот на фудбалерите со репрезентативен калибар Марјан Радески, Кире Маркоски, но и младите Кристијан Трапановски како и Никола Серафимов јасно потврдува за високите амбиции со кои „пандевци“ влегуваат во новата сезона.
Нешто слично е и со Работнички, кој и покрај тоа што остана без тројца квалитетни првотимци, Тошевски, Шишковски и Херера, сепак со ангажманот на поранешниот репрезентативец Муарем Муарем, како и повратникот од странство Ѓурѓевиќ и Стојковски и Зука, создаде тим веројатно за далеку помирна сезона од претходната.
Силекс без посериозни промени во составот ќе ја очекува новата сезона, но и настапот во квалификациите за ЛШ. Ангажманот на Тантуровски од Македонија ЃП и офанзивецот од Брегалница, Пепи Ѓорѓиев е за издвојување кај кратовци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal