
Претседателот на италијанскиот клуб Комо, Мируан Суварсо, откри дека е постигнат договор со Милан и со напаѓачот Алваро Мората за трансфер, но завршувањето на зделката зависи од турскиот гигант Галатасарај.
„Имаме усогласени услови со Милан и со Мората, го направивме нашиот дел“, изјави Суварсо за „СКај Спорт“.
„Сега Милан и Галатасарај треба да разговараат. Сè зависи од нив.“
Ситуацијата со шпанскиот напаѓач е компликувана бидејќи во моментов игра за Галатасарај како позајмен фудбалер. Договорот, кој беше склучен во февруари, важи до јануари 2026 година и вклучува опција за целосен откуп, како и можност за продолжување на позајмицата до јуни истата година.
Иако Милан и Комо веќе се договориле за условите на евентуалниот трансфер, „росонерите“ ќе треба да го убедат турскиот клуб да го прекине постоечкиот договор за позајмица на Мората. Доколку тоа не се случи, напаѓачот ќе остане во Истанбул, а Комо ќе мора да се откаже од една од своите главни трансферни цели за ова лето.
Постои и уште една можна опција: ако нигерискиот напаѓач Виктор Осимен прејде во Галатасарај, тоа би можело да го натера турскиот клуб полесно да се раздели со Мората. Таквиот развој би ја отворил вратата за Комо да го реализира трансферот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
