
МАКФУДБАЛ.МК на Кипар,
Никола Ѓуровски
Македонските фудбалски репрезентативци се фраери на резултатски план, ја покорија Европа преку Лигата на нации и се пласираа на Европското првенство, а имаат џентлеменски манири кога не се работи за фудбалот. Ја поддржаа идејата на еден од најверните навивачи на националниот тим, популарниот Кипре, и и подарија укинатен подарок на Кате, една од вработените од туристичката агенција „Гуливер“ која денеска прославува роденден.
На 10.000 метри надморска височина, капитенот Иван Тричковски во име на сите фудбалери, стручниот штаб и претставниците на фудбалската федерација на Македонија, на дамата и го честиташе роденденот со уникатен подарок – фудбалска топка потпишана со автограми од сите фудбалски репрезентативци.
Убавата победничка атмосфера во националниот тим е видлива на секој чекор, а ваквите мали потези се секогаш така големи и важни….Сите сме Македонија и ќе одиме на Европско во фудбал!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
