
На натпреварот против Саутемптон, Ливерпул играше во значително поинаков состав од вообичаеното и забележа победа од 1-2. Во споредба со составот кој играше во финалето на ФА Купот, Јирген Клоп смени девет играчи, а со трите освоени бода Ливерпул остана во трката за титулата во Премиер – лигата. За тоа ќе му биде потребна победа против Вулверхемптон во последното коло и помош од Астон Вила која не смее да загуби на гостувањето кај Манчестер Сити.
„Исклучително сум задоволен од изведбата. Овие момци… Тоа е како да имате Ферари во гаража. Пуштете ги да излезат и ќе го направат ова. Не сум сигурен кога последен пат играа Харви Елиот, Кертис Џонс, надвор се од ритам. Играат само одвреме – навреме… Такуми Минамино е одличен напаѓач, Алекс Окслејд – Чемберлен е во одлична форма и воопшто не играл“, изјави Клоп.
„Понекогаш е навистина тешко за овие момци, но сè што се случува оваа сезона ќе се случи поради оваа група. Тие се одлични и тоа го покажаа повторно сега. Играа неверојатно. Девет промени, ако не успеевме , тоа би било моја одговорност, но победивме и заслугата е 1000 проценти нивна“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
