Кристијан Киву изјави дека поразот на Интер со 0-1 во дербито против Милан може да остави трага врз неговите играчи. Дополнително, „нероаѕурите“ веќе шест натпревари по ред немаат победено против градскиот ривал. Во тие дуели Интер одигра нерешено двапати, а другите четири ги загуби.
„Разочарувањето не е само поради шансите што ги создадовме, туку и поради вкупниот настап и концентрацијата, бидејќи речиси и не дозволивме контранапади, иако знаевме дека нивните двајца напаѓачи можат да ни создадат проблеми. Единствениот пат кога ја загубивме втората топка во средината од теренот, тие постигнаа гол. Таков е фудбалот. Го носам со себе добриот настап, затоа што момците не се откажаа до крај, и покрај разочарувањето од примениот гол и фрустрацијата од двата удари во стативата“, изјави Киву по последниот судиски свиреж.
Статистиката на Интер во директните дуели оваа сезона е застрашувачка – порази од Јувентус, Наполи и Милан, а единствената победа е против Рома. За споредба, Милан ги победи Болоња, Наполи, Рома и Интер, а одигра нерешено со Јувентус.
„Кога ќе доживееш четврти пораз во 12 кола, тоа е премногу“, призна Киву.
„Знам што создаваме и што дозволуваме, тоа се ризиците што ги преземаме. Не ги анализирам поединечно играчите јавно, никогаш не би го направил тоа. Кога гледам како моите играчи се вложуваат до максимум на тренинзите, никогаш не би можел да посочам некого со прст, ниту пак барам алиби. Сите сме заедно во ова и сите ја носиме одговорноста – и за доброто и за лошото. Сите можевме да одиграме подобро, можевме да постигнеме гол порано или подобро да реагираме во одредени моменти од натпреварот. Сега наша должност е да се кренеме, бидејќи во вторник нè очекува уште еден многу важен меч“, продолжи Киву.
Тоа ќе биде натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид на Диего Симеоне – уште еден тим кој го препушта поседот за да казни преку контранапади.
„Карактеристиките на нашите играчи нè принудуваат да напаѓаме со многу луѓе, што неизбежно нè остава малку отворени. Но сакам да истакнам дека со Милан дозволивме само еден противнапад и тој беше фатален. Со оглед на ризиците што ги преземаме со овој напаѓачки стил, всушност не дозволуваме многу удари кон нашиот гол“, објасни тренерот на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













