Женската репрезентацја на Македонија на 26 август вo пријателски натпревар ќе ги одмери силите против селекцијата на Босна и Херцеговина. Тоа треба да биде и генерална проверка за националниот тим пред новите квалификации и дуелот со Англија во Саутемптон.
„Се наоѓаме на неполн месец пред стартот на новите квалификации каде што во првиот дуел ќе ги одмериме силите со Англија во Саутемптон. Натпреварот со Босна и Херцеговина е еден вид на генералка пред почетокот на квалификацискиот циклус. Повикани се исклучиво фудбалерки од домашното првенство, со оглед на тоа што овој натпревар не е во рамките на УЕФА терминот и нема да можеме да сметаме на интернационалките, што преставува проблем за нас. Меѓутоа ќе дадеме се од себе, ќе собереме сили за да се спротивставиме на силниот противник, и се надевам дека во Зеница ќе успееме да избориме позитивен резултат”, изјави селекторот Кирил Изов.
За претстојниот натпревар, селекторот Кирил Изов се одлучи да ги повика следните фудбалерки: Павлинка Николовска (ЖФК КАМЕНИЦА САСА), Елена Панеска (ЖФК КАМЕНИЦА САСА), Викторија Панчурова (ЖФК ТИВЕРИЈА), Теодора Димоска (ЖФК ТИВЕРИЈА), Ане Бошеска (ЖФК ТИВЕРИЈА), Афродита Салихи (ЖФК ЉУБОТЕН), Јулија Жифиќ (ЖФК Љуботен), Јилза Максути (ЖФК АСС УНИТЕД), Суарта Речи (ЖФК АСС УНИТЕД), Положани Синдис (ЖФК АСС УНИТЕД), Теодора Јанковска (ЖФК ДЕСПИНА), Јана Чубриноска (ЖФК ДЕСПИНА), Катерина Милеска (ЖФК ДЕСПИНА), Радица Чонева (ЖФК СЦ ИСТАТОВ), Кристина Петрушевска (ЖФК СЦ ИСТАТОВ), Александра Марковска (ЖФК СКОПЈЕ 2014), Елена Петровска (ЖФК СКОПЈЕ 2014), Драгана Гегова (ЖФК СКОПЈЕ 2014), Рабија Дервиши (ЖФК СКОПЈЕ 2014), Хава Мустафа (ЖФК ШКЕНДИЈА 2014);
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal