
Федерико Киеза би можел ова лето да се врати во Серија А, и тоа во редовите на Милан. Раководството на „росонерите“ и Киеза веќе постигнале усмен договор, а наскоро се очекува да започне формалната процедура за трансферот.
Единствениот чекор кој преостанува е договорот помеѓу Милан и Ливерпул. Се очекува цената на трансферот да не биде висока, бидејќи Киеза подолг период не е на своето некогашно елитно ниво поради повреди и нестабилна форма.
Киеза ја започна кариерата во Фиорентина, а потоа четири сезони играше за Јувентус, каде блесна, особено за време на ЕВРО 2020.
За репрезентацијата на Италија има 51 настап и седум гола, но во последно време ретко се наоѓа на списокот на селекторот поради слабата клупска форма и конкуренцијата.
Ако трансферот се реализира, тоа би бил значаен чекор и за Киеза и за Милан, кој се обидува да ја засили својата офанзива за наредната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
