ФИФА и УЕФА одлучија да ги суспендираат сите руски клубови и руската репрезентација од сите натпреварувања до понатамошно известување поради руската инвазија на Украина. Тоа значи дека Русија која влезе во плејофот за мундијалот нема да добие шанса да се бори за место на СП во Катар.
По тој повод се огласи рускиот селектор Валери Карпин.
„Не можам да опишам со зборови колку сме разочарани од одлуката што ја донесе ФИФА. Се надевавме дека играта ќе го одреди победникот во плејофот. Жал ми е за моите момчиња. Тие сонуваа да играат на Светското првенство. Сега нивната надеж исчезна“, изјави рускиот селектор.
Засега не се знае и каков ќе биде расплетот по суспендирањето на Русија, односно како ќе се пополни испразнетото место пред баражот. Во моментов има неколку опции – Полјаците директно да одат во финалето од баражот, Словачка да биде трета во групата во која беше Русија, а Норвешка да го добие најдоброто трето место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













