
Пелистер гостува во Скопје кај вечниот ривал Вардар во првото пролетно коло. По одложувањето поради снежните врнежи минатата седмица, денеска (14 часот) дуелот е закажан на арената „Тодор Проески“.
Пелистер ја гледа шансата поради доцниот старт на подготовките на Вардар, а тренерот Димитар Капинковски најавува дека „зелените“ ќе се надигруваат за гол повеќе со ривалот.
„Одложувањето на дербито нема да промени многу во желбата и мотивацијата кај фудбалерите. Сигурно дека теренот ќе биде во подобри услови, отколку ако се играше минатата недела. Моите играчи ќе бидат подготвени да дадат максимум на оваа средба. Очекуваме мечот да ги оправда очекувањата и да донесе убава фудбалска претстава. Новото засилување Принц Ампонсах ќе помогне во офанзивната линија и проблемите со головите. Знаеме дека две екипи испаѓаат и две одат во баражот. Ние сакаме да останеме во лигата и наредната сезона. Сигурно еден таков играч сигурно ќе помогне да го направиме тоа. Ако сакаме да го оствариме тоа мора да се надигруваме со сите и да играме за гол повеќе“, вели шефот на стручниот штаб на Пелистер, Димитар Капинковски.
Вардар е во лоша ситуација, заминаа многу фудбалери, а новиот тренер Никола Илиевски Џиџи нема на располагање голем фонд на квалитетни фудбалери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс
