
Беше здрав, мотивиран, наострен за борба, пукаше од сила, во полн налет од Ла Лига. Енис Барди, „моторот“ на Македонија на средината на теренот, на необичен, бизарен начин, заработи болна повреда на ’рбетот поради која ќе го пропушти најважниот меч во фудбалската историја на Македонија, финалниот дуел против Грузија за пласман на Европското првенство.
На последниот тренинг на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Енис Барди се обиде да подели долга дијагонала, одеднаш се лизна и падна…Веднаш беше јасно дека нешто не е в ред, се жалеше на силни болки во ’рбетот, не можеше добро да се движи. Реагираше лекарскиот тим, но болките на Барди се влошија во текот на ноќта.
На крајот е констатирана повреда на Интервертебрален дискус со мускулен спазам. Тој во моментот не е подготвен за настап, не може да одигра фудбалски натпревар. Тоа е огромен хендикеп за фудбалската репрезентација на Македонија. Но, силата е во заедништвото, ќе одиграат соиграчите за него – Македонија да се пласира на Европско првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
