Connect with us

Јувентус со соочува со нова казна да му бидат одземени од 15 до 25 бода

Јувентус би можел да загуби уште 15 до 25 бода до крајот на годината поради тужбите против клубот, тврди „Кориере дело спорт“.


На 19 април ќе се одржи рочиште на кое Судот ќе ја разгледа жалбата на торинскиот гигант за одземање на 15 поени за прашањето за фиктивни капитални добивки. Клубот потоа ќе се соочи со судски спор за измама што вклучува исплата на платите на играчите, како и исплати на агенти.

Доколку Судот го прогласи клубот за виновен за нови случаи, тогаш Јувентус би можел повторно да загуби од 15 до 25 бода.

Избраниците на Масимилијано Алегри се на седмото место во Серија А со 41 бод од 27 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови