
Раководството на Јувентус нема да има ништо против продажбата на Душан Влаховиќ на крајот од сезоната.
Челниците на „старата дама“ не се задоволни од настапите на српскиот репрезентативец кој постигна осум гола на 18 натпревари во Серија А сезонава и се подготвени да го продадат доколку дојде понуда која не може да биде одбиена. Има многу заинтересирани, а како што пренесува „Калчомеркато“, замената е веќе подготвена.
Тоа е напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд.
20-годишниот Данец игра одлично во клубот од Бергамо, а блеска и за репрезентацијата на својата земја.
Хојлунд на крајот на август потпиша за Аталанта во трансфер вреден 17 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
