Артур Мело дојде во Јувентус како „скапо платено засилување“, но таа сума од 70 милиони евра беше можност да се „испеглаат“ сметките околу финансискиот фер-плеј. Бразилецот пристигна во јуни 2020 година, а во спротивна насока тргна Миралем Пјаниќ за 10 милиони помалку. Година и пол подоцна Пјаниќ не е во Барса, а Артур по се изгледа ќе заврши на списокот за продажба во Јуве.
За Бразилецот се заинтересирани неколку англиски и шпански клубови, но тој би заминал на позајмица од 18 месеци, со откупна опција која би станала задолжителна откако ќе се исполнат одредени услови.
„Старата дама“ промаши со Артур, исто како што промаши Барселона со Миралем Пјаниќ. Ниту еден од нив не играше, а интересно е што навивачите на Барса беа огорчени, мислејќи дека Јувентус поминал многу подобро.
Сепак, Бразилецот има големи проблеми со повредите, беше невидлив на теренот, имаше проблеми надвор од теренот поради недисциплина и непрофесионално однесување. Згора на се, Фудбалската федерација на Италија пред неколку дена утврди дека размената Артур – Пјаниќ била незаконска и во најмала рака сомнителна, па не е исклучено да биде покрената и истрага.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













