Чешката фудбалска федерација во средината на октомври го разреши селекторот Иван Хашек, поради изненадувачкиот пораз од Фарските Острови со 2-1 во квалификациите за Светското првенство, додека три дена претходно неговиот тим ремизираше со Хрватска во Прага (0-0). Со тоа, Чешка остана со минимални шанси за првото место во групата Л, кое води директно на Светското првенство во Канада, САД и Мексико 2026 година.
Поранешната чешка ѕвезда Павел Недвед, кој сега е директор на репрезентацијата, настапот против Фараните го оцени како „неприфатлив“, додека медиумите го опишаа како „срамен“, истакнувајќи дека „изгубиле од рибари и столари“, aлудирајќи на полупрофесионалниот статус на фудбалерите од Фарските Острови.
Чешка сега бара нов селектор кој ќе го води тимот во последните две натпревари оваа година: пријателскиот меч против Сан Марино (13 ноември) и квалификацискиот против Гибралтар (17 ноември).
Фудбалскиот инсјдер Николо Шира тврди дека Јирген Клинсман (61) е најсериозниот кандидат и дека преговорите веќе започнале.
Клинсман имаше блескава играчка кариера, настапувајќи за Штутгарт, Интер, Монако, Тотенхем, Баерн и Сампдорија. За Германија одигра 108 натпревари, постигнувајќи 47 голови, и освои титули светски првак во 1990 и европски првак во 1996 година.
Од 2004 до 2006 година го водеше германскиот национален тим, освојувајќи трето место на Светското првенство 2006 дома. Од 2011 до 2016 година беше селектор на САД, со кои стигна до осминафинале на СП 2014. Исто така, имаше периоди на клупите на Баерн (2008/09) и Херта (два и пол месеци во 2019/20).
Неговиот последен ангажман беше како селектор на Јужна Кореја, од февруари 2023 до февруари 2024, со скор од девет победи, пет нерешени и три порази на 17 натпревари. Тој беше разрешен поради елиминацијата во полуфиналето на Азискиот куп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













