Connect with us

Јетон Беќири по дербито со Струга ТЛ: „Загрижен сум што со воведувањето на ВАР се појавија проблеми со двојни аршини“

Шкендија одигра 1-1 на гости против Струга Трим Лум во дербито од шестото коло во Првата лига на Македонија. Тамба во 53.минута донесе водство за тетовци, а Струга ТЛ израмни преку пеналот на Радески во 79.минута.

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, за клупскиот сајт имаше реакција дека ВАР во Македонија донесе двојни стандарди.

„Ова беше дерби натпревар. Ние доаѓаме од едно долго европско патување, тимот чувствува замор во одредени моменти, а игравме против екипа која имаше пет победи и самодоверба на највисоко ниво. Верувам дека на оваа почва тешко е да се зборува за тактички фудбал – тука има само борба, само ангажман и дуели, а одредени ситуации го одлучуваат мечот.“

Моментот за втор гол

„Сметам дека тоа беше клучниот момент на натпреварот. Ако постигневме гол за 0-2, тогаш сè ќе беше решено, бидејќи Струга ТЛ во тие моменти немаше сила за реакција. Потоа дојде пеналот, кој според мене беше случаен. Искрено, мислам дека ВАР работи со двојни стандарди. Сепак, ние мора да бидеме свесни дека сме најдобрата екипа во првенството и тоа мора да го докажуваме на терен, борејќи се и против противниците, и против сè друго што ќе ни застане на пат. Загрижен сум што со воведувањето на ВАР се појавија проблеми со двојни аршини, некаква тенденција која се надевам ќе исчезне. Ние сакаме да играме чесно, во еднакви услови, а теренот нека го даде последниот збор. Но овде нема услови за квалитетен фудбал, се игра само на дуели и силови удари. Јас никогаш не сум задоволен со нерешено, а верувам дека бевме блиску до победата ако поведевме со 0-2. На крај можеше и да бидеме казнети, но тоа е дел од играта. Мораме да останеме силни, да се бориме, да го подготвиме тимот за неделниот натпревар и да победиме за постепено да се искачиме кон првото место.“

За Ибраими, Цаке и ротациите

„Сите фудбалери ќе бидат и на клупа и на трибини, бидејќи имаме 26 многу квалитетни играчи кои мора да се менаџираат со текот на времето. Јас сум задоволен од тоа како играше тимот и како се бореше. Во одредени моменти можеме да покажеме и повеќе квалитет. Нормално е – во анализите и со мерењата гледаме дека играчите се заморени, и затоа одлучуваме некој да го вклучиме во второто полувреме. Тоа е неопходно ако сакаме да избегнеме повреди и да ги одржиме во форма. Ротациите од овој тип се неизбежни.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови