Фудбалската репрезентација на Хрватска се пласира во четвртфиналето на Светското првенство по подобро изведување пенали на дуелот со Јапонија. Голманот Доминик Ливаковиќ одбрани дури три пенали, а Хрватска триумфираше со 3-1, откако во регуларниот тек мечот заврши 1-1.

Ливаковиќ ги скроти ударите на Минамино, Митома и Јошида, а само Асано успеа да го совлада.
За Хрватска прецизни беа Влашиќ, Брозовиќ и Пашалиќ, а само Ливаја не успеа и го погоди дирекот.
Во првото полувреме, Јапонците поведоа со голот на Даизен Маеда во 43.минута, а израмни Иван Перишиќ во 55.минута од натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













