Хрватскиот прволигаш Хајдук Сплит ја раскина соработката со италијанскиот тренер Паоло Трамецани. Македонскиот интернационалец Јани Атанасов ќе има нов шеф на стручниот штаб во новата сезона.
„Од денеска Паоло Трамезани веќе не е тренер на првиот тим на ХНК Хајдук. Во меѓусебен разговор, договорено е прекинување на соработката со сега веќе поранешниот тренер на „билите“.
Трамецани го презеде првиот тим во јануари оваа година, а на крајот на сезоната го освои четвртото место и обезбеди пласман во квалификациите за Конференциската лига. Тој го предводеше Хајдук на вкупно 24 натпревари, а оствари 14 победи, четири нерешени средби и шест порази. Му благодариме на г-дин Трамецани за сè што направи за клубот и му посакуваме многу среќа во продолжението на кариерата“, објави Хајдук Сплит.
Како најсериозен кандидат за нов тренер се споменува португалскиот стратег Хозе Мануел Гомес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













