Connect with us

Јаховиќ потпиша за Бодрумспор

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ одлучи кариерата да ја продолжи во турскиот второлигаш Бодрумспор. Раководството на клубот му понуди одлични услови и тој прифати да биде новиот напаѓач на тимот кој доаѓа од познатото турско летувалиште.


Бодрумспор во новата сезона има амбиции за влез во турската елита, а Јаховиќ треба да даде голем придонес во реализација на оваа цел.

Претходно, Јаховиќ во Турција настапуваше и за Коњаспор, Малатија и за Анталијаспор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови