
Актуелниот вицепрвак Шкупи против Македонија ЃП на стадионот „Борис Трајковски“ ќе ја бара првата победа во новата сезона, откако на премиерата во Штип ремизираше без голови против Брегалница. Капитенот на тимот од Чаир, Фатих Исмаили, вели дека пред Шкупи е ново големо искушение.
„Ни претстои многу тежок предизвик, имајќи предвид дека тимот на Македонија ЃП веќе неколку години има многу квалитетен состав и постојано бара излез во Европа. Сепак, Шкупи има големи амбиции и цели кон првите три бода оваа сезона. Иако се уште не играме на нашиот терен во Чаир, сигурен сум дека со помош на навивачите ќе успееме да ја оствариме целта. Го респектираме максимално нашиот противник, но сакаме три бода од денешниот натпревар“, изјави Фатих Исмаили.
Македонија ЃП оствари победа (1-0) на стартот против Пелистер и сака да продолжи во ист стил и на денешната пресметка со Шкупи.
Во Тетово, Шкендија игра против Ренова во тетовското дерби и ќе се обиде да излезе од голгетерската криза, во Велес ќе играат Борец и Тиквеш, а Скопје на „Железарница“ ќе биде домаќин на Брегалница. Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра против Пелистер, а од 20 часот во Струмица се игра дуелот меѓу Академија Пандев и Работнички.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, ВТОРО КОЛО (17 Ч.)
ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА
МАЏАРИ: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
АВТОКОМАНДА: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА
ВЕЛЕС: БОРЕЦ – ТИКВЕШ
СТРУГА: СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ПЕЛИСТЕР
СТРУМИЦА: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (20 Ч.)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
