Македонскиот вицепрвак Шкупи оствари убедлив триумф (3-0) откако по една година се врати на Чаир, но веќе утре има нова обврска. Тимот на Гоце Седлоски го очекува настапот во 1/16-финалето на Купот на Македонија. Шкупи ќе и гостува на Велешта, а капитенот Фатих Исмаили вели дека составот е максимално фокусиран на новото искушение.
„Утре ќе го одиграме првиот натпревар од Купот на Македонија против екипата на Велешта во Струга. Го почитуваме противникот и сме максимално сконцентрирани. Куп – натпреварите се важни, но и тешки, бидејќи знаеме дека пласманот во следната рунда се одредува само со еден натпревар. Нашите амбиции за оваа сезона се големи во сите натпреварувања и ќе сториме за да да го добиеме дуелот“, изјави Фатих Исмаили пред натпреварот со Велешта.
Атмосферата во тимот на Велешта е на високо ниво откако во минатото коло во Втората лига Запад го совлада Вардар со 2-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













