Connect with us

Инзаги: За Лаутаро ќе одлучиме утре, а Јамал ќе го чуваат тројца

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, денеска потврди дека конечната одлука за настапот на Лаутаро Мартинез и Бењамин Павар во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Барселона ќе биде донесена утре наутро, на денот на натпреварот.

Бењамин Павар се врати на тренинзите во неделата, а Лаутаро Мартинез сè уште не тренирал откако беше заменет во првиот меч (3-3), па неговиот статус е уште понеизвесен.

„Ќе ги следиме реакциите на нивните тела денеска и утре наутро. Ќе донесеме заедничка одлука со играчите и медицинскиот тим, секогаш водејќи се по тоа што е најдобро за Интер.“

Инзаги и дефанзивецот Бастони го издвоија 17-годишниот Ламин Јамал како најголема закана за Интер.

„Можеби ќе мора да го чуваме со тројца играчи. Она што најмногу ме импресионира кај него е начинот на кој размислува.“

Бастони додаде:

„Јамал е најдобриот играч со кој сум се соочил. Има неверојатен шут, визија и способност да асистира. Ќе мораме да бидеме многу внимателни.“

Натпреварот Интер – Барселона ќе се игра утре од 21 часот, а исходот ќе одлучи кој ќе патува во финалето на Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови