Симоне Инзаги, тренерот на Интер, по историската победа над Барселона и пласманот во финалето на Лигата на шампионите, со гордост истакна дека неговиот тим одиграл на највисоко ниво, користејќи ги своите најсилни страни.
„За да победиме тим како Барселона, потребен беше еден супер Интер. Им честитам на моите играчи за двата спектакуларни настапи. Ова беше единствениот начин да стигнеме до финалето. Горд сум што ги водам овие момци – влегоа со срце и покажаа вистински менталитет“, изјави Инзаги.
По големата битка, Интер успеа да се избори за шанса да се бори за својата четврта титула во најелитното европско натпреварување. Ова ќе биде второ финале за Инзаги како тренер, откако во 2023 година неговиот тим беше поразен од Манчестер сити со 1-0.
„Му реков на тимот да ужива во секој момент пред нашите навивачи. Лаутаро, Дамфрис и Фратези не беа 100% физички подготвени, но покажаа колкаво срце имаат. Никогаш не застанавме, одигравме зрело и заслужено сме во финалето“, додаде тој.
Тренерот на „нероаѕурите“ го пофали и Френки де Јонг од противничкиот тим, велејќи дека тој го импресионирал дури повеќе од младата ѕвезда Ламин Јамал.
„Де Јонг беше сензационален – интелигентен, мирен со топката и одличен во додавањата. Но, јас не би ги заменил моите играчи со никого“, рече Инзаги.
Интер сега го очекува исходот од второто полуфинале меѓу Пари Сен Жермен и Арсенал, каде Французите имаат минимална предност од 1-0 по првиот меч. Финалето секако ветува уште една фудбалска класика.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго













