Connect with us

Интер сака во „Дерби дела мадонина“ да ја потврди втората шампионска ѕвездичка

Градските ривали Милан и Интер ќе се пресметаат во големото „Дерби дела Мадонина“ кое би можело да го реши новиот италијански шампион. Пресметката од 33. коло во Серија А се игра вечерва, од 20.45 часот.


„Росонерите“ непријатно ги изненадија своите навивачи со тоа што отпаднаа од вториот најмоќен европски клупски турнир, Лигата на Европа, по двата порази од Рома во четвртфиналето. Тоа значи дека Милан ќе ја заврши сезоната без трофеј, а исто така изгледа дека иднината на главниот тренер Стефано Пиоли е јасна и тој ќе си замине по речиси пет години на кормилото.

Неговиот тим испадна и од Купот на Италија, а во Калчото ја зазема втората позиција со 69 бодови, што е за 14 помалку од нивниот голем ривал.

Во моментов, ако Интер го победи Милан, „нероаѕурите“ можат да ја официјализираат својата 20. титула и втората ѕвезда. Разликата би била 17 бода со само пет натпревари до крајот на сезоната.

„Змијата“ на Симоне Инзаги има неверојатен победнички шарм во Серија А каде досега само еднаш загуби. Разочарување, можеби, останува од раната елиминација во ЛШ, веќе во осминафиналето, од Атлетико Мадрид, но „скудетото“ ќе биде многу сериозна награда.

Пиоли на денешната средба нема да може да се потпре на повредените Пјер Калулу, Томазо Побега и голманот Антонио Миранте, како и на суспендираниот Малик Тијао. Учеството на Јунус Муса, Фикајо Томори и Симон Кјаер останува под знак прашалник.

Единствениот проблем со кој се соочува Инзаги е поврзан со повредата на Хуан Квадрадо која ќе го исклучи од натпреварот, додека Хенрик Мхитарјан се очекува да биде на располагање и покрај неговите проблеми во последните денови.

Претходно во сезоната, Интер му го нанесе еден од најтешките порази на Милан, победувајќи го со 5-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови