Connect with us

Интер под истрага за сомнителни приходи користени за избегнување на финансискиот фер-плеј

По тешкиот пораз (5-0) од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, Интер немаше време за одмор. Медиумот „Affaritaliani“ објави извештај од консултант кој открива сомнителни приходи на кинеската групација Suning Group, кои помогнале за балансирање на клупските финансии меѓу сезоните 2016/17 и 2018/19.

Кинеската група успеала да генерира огромен прилив на приходи од регионални спонзори, достигнувајќи астрономска сума од речиси 300 милиони евра, што претставува околу 27% од вкупните приходи. Од тие 300 милиони, 131,4 милиони дошле од внатрешногрупен договор со Suning, а останатите 165 милиони – од други, наводно сомнителни извори.

Според консултантот, овој финансиски прилив е „сомнителен“ и без логично објаснување. Се претпоставува дека овие договори имале за цел да ги заобиколат правилата на УЕФА за финансиски фер-плеј. Балансираните сметки се задолжителни за учество во натпреварувањата на УЕФА, а уште во 2015 година Интер веќе добил предупредување од организацијата поради проблеми на тоа поле. Четири години подоцна, по овој огромен финансиски прилив, клубот успеал да постигне договор за финансиско усогласување.

Во вакви случаи на финансиска нерамнотежа, традиционалните приходи (од ТВ права и продажба на билети) обично не се доволни за балансирање на сметките. Единственото брзо решение се трговски и спонзорски договори – токму како што се случило со Интер.

Меѓу партнерите спомнати во извештајот се: FullShare Holding (туризам), King Down Investment (онлајн патувања), iMedia, која однапред платила 10 милиони евра, плус уште 25 милиони за промоција на клубот во Азија.

Во истиот извештај се наведува дека повеќето од овие компании немаат никаква поврзаност со фудбалот и не објавуваат финансиски податоци… По тешкиот пораз во финалето на ЛШ, Интер повторно е во центарот на вниманието – но поради негативни причини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови