Американскиот инвестициски фонд „Оактри Капитал“ ќе купи 30 проценти од акциите на италијанскиот фудбалски шампион Интер, кои досега беа во сопственост на „ЛионРок Капитал“ од Хонг Конг, и за нив ќе плати 275 милиони евра. Исто така, „Оактри Капитал“ е подготвен да му помогне на мнозинскиот сопственик на клубот, кинеската групација „Сунинг“, со заем што ќе ги надмине големите финансиски тешкотии и ќе добие поголема улога во управувањето со Интер, пренесоа италијанските медиуми.
Интер минатата сезона имаше загуба од 100 милиони евра, а годишно троши околу 132 милиони евра за плати на играчите. Неодамна претседателот на клубот Стивен Жанг побара од играчите да се откажат од две месечни плати, со што Интер ќе заштедеше 25 милиони евра пред оданочување, но играчите тоа го одбија.
Мнозинскиот сопственик на клубот „Сунинг груп“, кинеска трговска компанија со седиште во Нанџинг, има финансиски проблеми поради пандемијата на коронавирусот и веќе се ослободи од кинескиот шампион Џиангсу пред неколку месеци со прогласување на банкрот на клубот. Тие имаа намера да го продадат својот удел во Интер (68,55 проценти) и побараа 900 милиони евра, а преговараа со британскиот инвестициски фонд „БЦ Партнерс“, но не можеа да се договорат за цената.
„Оактри Капитал“ има големо искуство во инвестирање во спортот. Тие се стопроцентни сопственици на францускиот второлигаш Каен, како и ко-сопственици на Свонси и на НБА тимот, Мемфис Гризлис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal