
Денес, по кратко боледување, почина Мирослав Наумовски-Лав. Лав беше врвен спортист, спортски новинар, еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет, член на Собранието и на Управниот одбор на МОК, спортски новинар во Нова Македонија, основач и главен одговорен уредник на првиот спортски весник во нашата држава, СКОК.
Мирослав Наумовски – Лав во „Нова Македонија“, како спортски новинар, поминал 27 години, а известувал од ЛОИ 1974, 2000 и 2004, од ЗОИ 1984 и 1988, од три СП во кошарка, осум ЕП во различни спортови, универзијади, медитерански игри, балканијади.
Неговата најголема спортска љубов бил ракометот. Со македонската репрезентација станал пионерски првак на тогашна Југославија (СФРЈ). Во 1962 година бил прв на Младинското првенство на СФРЈ, а во 1965 година и Национален првак во младинска конкуренција. Наумовски бил одличен ракометар и дел од младинската репрезентација на СФРЈ (заедно со генерацијата на Поповиќ, Прибаниќ, Покрајац, Каралиќ…). Најмногу време поминал во Р.К. Вардар, играјќи на позицијата централен бек.
На иницијатива на Лав, се појавува првиот спортски весник СКОК во нашата држава и тој станува прв главен одговорен уредник. Лав е и еден од најзаслужните што по долга пауза се возобнови и Охридскиот пливачки маратон.
Заедно со Васил Тупурковски и другите, го основаат Македонскиот олимписки комитет (МОК) и станува член на Собранието на МОК, на Управниот одбор на МОК и Претседател на МОК Маркетинг.
Почивај во мир спортска легендо! Вечна ти слава!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
