
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година вчера официјално во Скопје ги стартуваше подготовките за престојните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2025 година во Словачка.
Селекцијата предводена од Драган Канатларовски на стартот на овие квалификации и гостува на незгодната Шведска. Во рамките на второто коло, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ја дочекуваме силната репрезентација на Холандија.
Напаѓачот на Кишварда и еден од главните играчи на оваа млада селекција на Македонија, Марио Илиевски со нетпрение го очекува старот на квалификациите и првиот меч против Шведска.
„Владее одлична атмосфера во репрезентацијата уште од самиот почеток, функционираме како еден тим. Подготвени сме сите заедно да го дадеме максимумот на секој натпревар што следи. Ги воочивме грешките, извлековме голема поука и научивме многу од претходните контролни мечеви, поготово на тие кај што бевме поразени. Од натпревар во натпревар се повеќе напредуваме, играме подобро и поквалитетно. Располагаме со одличен состав, сите со нетрпение го очекуваме стартот на квалификациите и првиот дуел со Шведска на гости“, вели Марио Илиевски.
Тој смета дека Македонија може многу во новите квалификации, па дури и да го повтори успехот на „златната генерација“ од 2017 година.
„Оваа генерација има квалитет, но и огромна желба за остварување на големи резултати. Очекувам на претстојните квалификации да одиграме на едно високо ниво, со голема борба и пожртвуваност и верувам дека доколку биде се во ред ќе имаме успешни квалификации. Добро ја анализиравме играта на Шведска и на тимско и индивидуално ниво. Селекција која располага со многу квалитетни фудбалери кои настапуваат во големи европски клубови. Фокусирани сме максимално на првиот меч и дуелот со Шведска. Сакаме да ги отвориме квалификациите со победа и освојување на три бода. Сигурен сум дека имаме квалитет и можеме да го повториме историскиот успех од 2017 година и учеството на тогашната репрезентација на Македонија на Европското првенство кое се одржа во Полска, подготвени сме тоа“, посочува напаѓачот.
Младата репрезентација на Македонија денеска во 16. 30 часот ќе го одржи вториот тренинг по вчерашниот собир во хотел „Парк“, во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
