
Бесарт Ибраими не го крие задоволството откако стана најдобар стрелец во историјата на Првата лига, со голот што го постигна на неделниот прволигашки натпревар против Шкупи. Ибраими не настапи на куп-средбата против Работнички, но пред натпреварот доби подарок – дрес на Шкендија со бројот 167, како одбележување на бројот на голови со кои Ибраими стана најдобар стрелец во историјата на Првата лига.
„Горд сум, би сакал да се заблагодарам на сите оние кои ми помогнаа да стигнам до оваа бројка. Благодарност до соиграчите, тренерите и сите во клубот, како и до „Балистите“, без чија поддршка овој рекорд ќе беше недостижен. Исто така, големо благодарам до моето семејство, за поддршката што отсекогаш ја добивав да напредувам во кариерата“ – изјави Бесарт Ибраими.
Тој досега има постигнато 114 погодоци во дресот на Шкендија (85 во Првата лига, 15 во Купот на Македонија и 14 во европските купови). Бесарт Ибраими претходно во македонското првенство има настапувано и за Напредок Кичево и за Ренова.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski