
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП го договори трансферот на младинскиот репрезентативец Христијан Стевковски кој досега го носеше дресот на второлигашот ФК Скопје. Со тоа „лавовите“ го решија прашањето за голманската позиција. За Стевковски ова е одлична можност да се докаже и во прволигашка конкуренција.
Македонија ЃП ова лето се раздели со Марко Јовановски, кој најави дека ќе замине во странство.
Христијан Стевковски досега има два настапи за младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година и ќе биде значајно освежување за составот на Жикица Тасевски.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
