Тотенхем ова лето ќе претрпи уште една голема промена, со оглед дека сѐ поверојатно е заминувањето на капитенот Хјонг-Мин Сон, кој по 10 години ќе го напушти клубот.
За услугите на 33-годишниот јужнокорејски репрезентативец има сериозен интерес од Лос Анџелес, но и од клубови од Саудиска Арабија. Неговиот договор со Тотенхем истекува на крајот на следната сезона, а од лондонскиот клуб немаат голема желба да ја продолжат соработката, па за да избегнат негово заминување без обесштетување, се очекува да прифатат трансфер вреден околу 20 милиони евра.
Сон пристигна во Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен и во изминатата деценија стана еден од најдобрите фудбалери во историјата на клубот. За клубот одигра 333 натпревари во сите конкуренции и постигна 127 голови. Минатата сезона го освои и својот прв трофеј со клубот, триумфирајќи во Лига Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













