Connect with us

Хетафе го доби дербито за опстанок против Валенсија (ВИДЕО)

Хетафе ја оствари петтата победа во Ла Лига оваа сезона откако на домашен терен ја совлада Валенсија со 1-0. Во дербито за опстанок, домаќинот успеа да стигне до важен триумф и побегна од опасната зона на табелата.

Борха Мајорал во 82.минута беше стрелец на победничкиот гол за Хетафе, кој сега има 22 бода на 16. позиција. Валенсија е на 19. место со само 20 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови