
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години во одличен меч оствари убедлива победа со 3:0 над соодветната селекција на Естонија во второто коло од силниот меѓународен турнир во турска Анталија.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа еден квалитетен натпревар, сигурен, со дисциплинирана игра и голема желба за победа. Естонија беше надиграна во сите сегменти на овој натпревар.
Извонреден на овој натпревар беше Алтин Алији кој ги постигна сите три погодоци за Македонија.
Првиот гол нашиот фудбалер го постигна во 36. минута од средбата по голема иницијатива на нашата репрезентација. Алтин Алији во 58. минута, со својот втор погодок го зголеми водството за својата селекција, а третиот погодок го постигна во 74. минута од средбата.
Нашите млади фудбалери покрај трите погодоци, пропуштија уште неколку изгледни можности за погодок.
Македонија: Спаско Ахтаров, Габриел Крстевски, Андреј Љубевски, Нуман Ајетовиќ, Адриан Незири, Давид Ристовски, Матеј Гаштаров, Никола Манојлов, Алтин Алији, Веби Ислами, Стефан Младеновски;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
