
Германскиот бундеслигаш Херта му даде отказ на тренерот Пал Дардаи по низата слаби резултати во шампионатот. До разделбата дојде откако Херта не успеа на домашен терен да го совлада и Аугсбург (1-1).
Херта нема победа на последните четири меча и падна на 14. место на табелата.
На местото на Пал Дардаи доаѓа новиот тренер Тајфун Коркут. Тој потпиша договор до крајот на сезоната.
„Му благодариме на Пал Дардаи, кој пристигна во клубот со желба да го стабилизира тимот. Но, резултатите не беа според очекувањата. Со доаѓањето на Тајфун Коркут сакаме да внесеме дополнителен импулс и веруваме дека ќе успее да ја спроведе својата фудбалска филозофија“, изјави спортскиот директор на Херта, Фреди Бобич.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
