Ханси Флик ќе ја задржи функцијата селектор на Германија барем до крајот на ЕВРО 2024, пишува германскиот „Спорт 1“. Договорот на стратегот кој го наследи Јоаким Лев на кормилото на Бундес-тимот, е со важност уште една и пол година.
По фијаското на Германија на Светското првенство во 2022 година, се зборуваше дека Ханси Флик би може да биде ослободен од должноста или сам да поднесе оставка, но тоа нема да се случи. Греманија беше елиминирана во групната фаза на турнирот откако ја совлада Костарика, ремизираше со Шпанија, а загуби од Јапонија.
Членовите на Извршниот комитет на германската федерација не ја загубија довербата во Ханси Флик и ќе му веруваат до ЕП 2024, чиј домаќин е земјата.
Претседателот на ГФС, Бернд Нојендорф, побара од Флик да ги анализира натпреварите во Катар и да предложи начини за решавање на проблемите во „маншафт“.
Веќе стана јасно дека две од клучните фигури во германскиот тим, Томас Милер и Илкај Гундоган, ќе ја завршат својата кариера во националниот тим, а и Мануел Нојер веќе нема да биде неприкосновен број 1 на голот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













