Connect with us

Гвардиола следната година го напушта Сити?

Манчестер Сити ја загуби европската круна откако доживеа елиминација на пенали од Реал Мадрид. Пропадна желбата на Пеп Гвардиола и „граѓаните“ за нова тројна круна, па сега вниманието им е насочено кон Премиер – лигата и кон ФА купот.

Но, на „Итихад“ сѐ погласно се зборува дека наскоро ќе има промени и во кадровската политика. Пеп Гвардиола најверојатно ќе замине од кормилото по завршувањето на неговиот договор, кој истекува во јуни 2025 година. Затоа, раководството на клубот уште отсега ги разгледува опциите за нов стратег.

Меѓу опциите се Мичел Санчез, актуелниот тренер на Џирона, клуб кој исто така е дел од групацијата „Сити футбол груп“, како и Роберто де Зерби и Анге Постекоглу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови