Connect with us

Гвардиола: Одиме во Лондон да го победиме Арсенал

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека неговиот тим одиграл квалитетен меч против Астон Вила (3-1), а го повлекол напаѓачот Ерлинг Халанд бидејќи не сакал да ризикува да се повреди.


„Одигравме навистина добар натпревар, а најдобрите моменти беа во второто полувреме иако постигнавме три гола во првиот дел. Потоа примивме гол, а по 3-1 во Премиер – лигата се е отворено. Сепак, заслуживме триумф“, изјави Гвардиола.

Тој го замени Ерлинг Халанд на полувремето, откако норвешкиот напаѓач доби силен удар.

„Тој не се чувствуваше удобно, а на 3-0 не сакаме да ризикуваме. Ќе видиме и ќе процениме во следните неколку дена. Доколку не е подготвен за дербито со Арсенал, ќе игра некој друг. Се надевам дека ќе игра и дека ќе биде подготвен“, изјави шпанскиот стручњак.

Манчестер Сити сега има три бода негатива и в среда ќе се сретне со лидерот Арсенал на „Емирати“.

„Арсенал има три бода предност, а ние имаме натпревар повеќе. Ќе видиме што ќе се случи кога ќе заврши Премиер – лигата. Но, ние одиме во Лондон да се обидеме да победиме. Кога тимот има 50 бода по првиот дел од сезоната, тоа е бидејќи тие се многу добар тим. Ја намаливме разликата и се надеваме дека ќе победиме во Лондон“, заврши Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови