Connect with us

Гвардиола: Не знам англиски толку добро, за да ја опишам вредноста на Халанд

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е среќен што го има Ерлинг Халанд во тимот оваа сезона. Норвежанецот е вистинска гол-машина, а стратегот на „граѓаните“ вели дека неговиот англиски јазик не е доволно добар за да ги опише неговите вредности.


„Јас сум Каталонец, па мојот англиски не е доволно добар за да го опишам“, изјави Гвардиола.


Халанд постигна 17 гола на 11 натпревари во Премиер – лигата. Сезонава постигна 22 гола на 15 натпревари во сите натпреварувања.

Во саботата Манчестер Сити го победи Брајтон со 3-1 во 13. коло од Премиер – лигата, а норвешкиот напаѓач постигна два гола на овој натпревар.

„Тоа беше еден од најтешките натпревари. Не сме навикнати на таква игра – речиси и да немаше простор. Многу ни е драго што ги освоивме бодовите, бидејќи мечот беше многу тежок. Играта на Ерлинг ни помогна да победиме, бидејќи нивото на кое игра и неговите амбиции се неверојатни“, изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови