Манчестер Сити претрпе шокантен пораз од 2-0 на гостувањето кај Саутемптон и испадна од Карабао купот. Менаџерот Пеп Гвардиола не го криеше разочарувањето, но призна дека со оглед на играта поразот е заслужен.
„Имавме лоша вечер, противникот беше подобар, па мораме да им честитаме. За да победиш на било кој натпревар треба тоа да го заслужиш. Се надевавме дека ќе се пласираме во следната рунда, но со таков настап тоа беше невозможно. Не покажавме доволно. Направивме многу грешки, промашивме многу додавања, премногу лесно им ја дававме топката и тоа доведе до двата гола на ривалот“, коментира Гвардиола.
„Граѓаните“ мора што побрзо да закрепнат, бидејќи в сабота се соочуваат со градскиот ривал Манчестер Јунајтед во Премиер – лигата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski