Манчестер Сити и Пеп Гвардиола се најдоа во неочекувана ситуација, во која мораат жестоко да се борат за место во Лигата на шампионите следната сезона. Каталонскиот стратег не ги штедеше зборовите, истакнувајќи го огромниот предизвик што ги очекува до крајот на сезоната.
Сити загуби два клучни бода со ремито 2-2 против Брајтон на „Етихад“, што ги спушти на петтото место во Премиер – лигата, со само девет кола до крајот.
„До крајот ќе биде вака. Имаме девет натпревари, девет финалиња“, изјави Гвардиола, свесен за притисокот под кој се наоѓа неговиот тим.
И покрај тоа што „граѓаните“ водеа со 2:1 на почетокот од второто полувреме, Брајтон успеа да израмни и беше поблиску до победа.
„Секогаш сум оптимист. Јас сум мајстор во тоа. Но, знам дека ќе биде тешко“, додаде Гвардиола.
Во сенката на разочарувачкиот резултат, Ерлинг Халанд постави нов рекорд – постигна 100 голови во Премиер – лигата побрзо од кој било друг играч, за само 94 натпревари, шест помалку од Алан Ширер.
„Не е лошо“, прокоментира со насмевка Гвардиола.
„Второто полувреме го започнавме со водство и имавме добри шанси, но дозволивме израмнување и потоа бевме нестабилни, што е нормално. Сепак, се вративме во играта и имавме навистина добри моменти“, заклучи менаџерот на Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“













