
Ерлинг Халанд е најголемиот професионалец кој некогаш сум го видел во фудбалот, изјави неговиот соиграч од Манчестер Сити, Џек Грилиш. Англискиот репрезентативец призна дека не може да биде како норвешкиот напаѓач кој соборува рекорд по рекорд оваа сезона.
„Секој е различен, нели? Погледнете го Халанд. Тој е најдобриот професионалец што сум го видел. Неговиот менталитет е нешто што нема да го видите никаде на друго место – тој тренира, се опоравува, работи во теретана, следи диета со железо, прави разни процедури како ледени бањи – по 10 часа секој ден.
Затоа е таков каков што е. Но, се колнам дека не би можел да бидам како него. Ние сме пријатели и често после натпревар ми вели: „Еј, не оди на забава вечерва“. А јас му велам да замолчи и да оди да си седне во ледената бања. Ние сме многу различни и секој постигнува успех на свој начин“, откри Џек Грилиш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
