Поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски е поставен за нов координатор во фудбалската школа „Кул“. Тренерот кој освои многу титули со Слога Југомагнат и со Работнички, а ги предводеше и Вардар, Милано, Металург, Шкендија, Брегалница, Беласица, Кожуф, имаше и интернационална кариера во Самсунспор и во ЦСКА Софија.
„Ова ќе биде сосема ново искуство за мене, понудата ја прифатив, затоа што ги препознав амбициите на сопственикот Рацо Цветановски. Кул е фудбалска академија која има најдобри услови во Македонија, верувајте младинците на нашите најпознати клубови не тренираат во вакви услови, нив ги влечат по разноразни терени, балони, а така тешко да има напредок. Мојата задача во Кул ќе биде координатор на повозрасните категории, консултации со нивните тренери, воведување на некои новитети, сѐ со цел клубот што повеќе и побрзо да напредува. Со добра работа и со цврста волја, убеден сум дека резултатите ќе дојдат. Ова воедно е и мој апел до луѓето што го водат македонскиот фудбал, да инвестираат во инфраструктура за младите категории, зашто само така ќе можеме да ги пратиме модерните трендови во светот”, вели Ѓоре Јовановски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













