Mакедонскиот прволигаш Беса вчера ја прекина соработката со тренерот Бобан Бабунски, и тоа само дваесетина дена по потпишувањето на договорот. Клубот соопшти дека причината за разделбата е промена на условите од страна на тренерот.
Како негов наследник, се очекува Горазд Михајлов да ја преземе тренерската улога.
Михајлов е искусен стратег, оваа сезона веќе беше ангажиран, прво со Вардар, а потоа со Брера од Струмица, од каде си замина по неколку месеци. Тимот на Беса треба да биде негов трет клуб оваа сезона, а задача ќе му биде да го извлече клубот од зоната за испаѓање.
Беса ќе ги започне подготовките на 10 јануари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













