Connect with us

Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е на излезна врата од Џирона. На стартот од новата сезона во Ла Лига, тој не е меѓу првите опции на тренерот, па сѐ погласно се зборува за негово заминување.


Во опција е трансфер во Валенсија, но шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс сака да го врати во лигата каде што блескаше пред доаѓањето во Шпанија.

Како што открива шкотски „Дејли Мејл“, Глазгов Ренџерс има сериозен интерес да го доведе македонскиот репрезентативен напаѓач на позајмица од Џирона.

Ренџерс беше заинтересиран за Миовски и пред неговиот трансфер во Џирона, по одличните игри во дресот на Абердин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови