
Џовани ван Бронкхорст е потврден како нов менаџер на Глазгов Ренџерс, наследувајќи го Стивен Џерард во клубот за кој настапуваше од 1998 до 2001 година. Поранешниот репрезентативец на Холандија беше без работа откако ја напушти функцијата тренер на кинескиот Гвангжу минатиот декември.
Тој го водеше Феенорд од 2015 до 2019 година, освојувајќи го двапати Купот на Холандија, а на клубот му ја донесе и првата шампионска титула по 18 години.
„Апсолутно сум среќен што се враќам во Глазгов Ренџерс како нов менаџер на клубот“, рече Ван Бронкхорст.
„Се чувствувам многу среќен што ќе работам со тим кој е во одлична позиција на сите фронтови и во голема мера го има тоа искуство да биде победник. Едвај чекам повторно да се сретнам со неверојатните фанови на клубот и да ја започнеме оваа нова ера за сите нас.”

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
