Connect with us

Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Турскиот шампион Галатасарај подготвува сериозна офанзива за дефанзивецот на Баерн Минхен, Ким Мин-Jaе, пренесува турското издание „Фанатик“. Истанбулскиот гигант планира наскоро да испрати официјална понуда до германскиот клуб со цел да ги обезбеди услугите на јужнокорејскиот репрезентативец уште ова лето.

Од друга страна, Баерн не ја исклучува можноста за продажба на Ким, особено доколку пристигне понуда што ќе ги задоволи нивните финансиски очекувања. Следните денови се очекува да бидат клучни за развојот на потенцијалниот трансфер, кој може да стане еден од најголемите потези на Галатасарај во летниот преоден рок.

До овој момент, клубот веќе донесе имиња како Лирој Сане, а се очекува наскоро да го потврди и доаѓањето на Виктор Осимен од Наполи.

Ким Мин-Јае се бореше со постојани болки во ахиловата тетива низ целата измината сезона и не одиграл натпревар од крајот на април. Седеше на клупата за натпреварите против Фламенго и Пари Сен Жермен на Светското клупско првенство, но не доби шанса за настап.


Неговиот договор со Баерн има важност до летото 2028 година, а неговата вредност изнесува околу 40 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови