Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Никлас Фулкруг, зборуваше по победата од 1-0 над ПСЖ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Германскиот интернационалец го постигна единствениот гол на „Сигнал Идуна Парк“.
„Атмосферата беше неверојатна. Секогаш е убаво да се води со 1-0, но моравме многу да страдаме. Имаше моменти кога не ставија под сериозен притисок. Но, тоа е неизбежно против толку силен противник. На половина од патот сме. Сега сме 90 минути далеку од „Вембли“ и мора да останеме скромни“, изјави Фулкруг.
Реваншот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд е закажан за 7 мај на „Паркот на принцовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal