Женската фудбалска репрезентација на Македонија има можност да врзе две квалификациски победи во серија. Избраничките на Кирил Изов денеска (13.30 часот) го пречекуваат Луксембург, најголемиот аутсајдер во групата, а осоколени и максимално мотивирани по триумфот над Летонија на гости.
Селекцијата на Македонија е голем фаворит против Луксембург, кој досега нема постигнато ниеден гол, а прими дури 19. И Македонија не може да се пофали со добри резултати против силните репрезентации на Англија и на Австрија, но фудбалерките треба да потврдат дека поседуваат квалитет токму на дуелите со Летонија и со Луксембург. Селекторот Кирил Изов нема да менува многу од триумфот во Летонија, а очекувањата се Македонија да забележи втора победа во низа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













